• Свет 22.01.2014 13:28

    Ердоган не се откажува од спорните реформи

    Турскиот премиер Ердоган, за време на првата посета на ЕУ во изминатите 5 години, одби да се откаже од спорните реформи на највисокото судско тело, Врховниот совет на судии и обвинители.
  • Свет 22.01.2014 13:24

    Америка повторно окована во мраз

    Североистокот на САД е повторно окован во мраз, иако уште не успеа да заздрави од претходниот поларен вител. Снегот достигна височина од 45 сантиметри, загинаа најмалку 3 лица во сообраќајни несреќи, а откажани се 3 илјади летови.

  • Свет 22.01.2014 12:00

    Жртви на протестите во Киев

    Жртви на барикадите на Евромајданот – демонстрант падна од портата на фудбалскиот стадион Динамо од каде што група фрлала молотови коктели, а полицијата застрела со снајпер уште еден, иако од министерството за внатрешни негираат.
     
  • Свет 22.01.2014 10:44

    Мировни преговори за Сирија во Монтре

    Сириската влада и опозицијата за прв пат денеска седнаа на заедничка маса во швајцарскиот град Монтре, со цел да го почнат процесот за разрешување на тригодшната граѓанска војна во земјата, пренесува „Ројтерс“.

  • Свет 21.01.2014 19:17

    Поларна зима на американскиот исток

    Поларниот вортекс се враќа на источниот брег на Соединетите Американски држави. Во наредните неколку денови се очекуваат снежни врнежи и ниски температури во Балтимор, Филаделфија, Њујорк, Бостон и во главниот град Вашингтон.

  • Свет 21.01.2014 18:27

    Сирија пред сoстанокот во Женева

    Сириската јавност живее во исчекување за тоа што ќе се случи на Мировната конференција во Женева на која ќе се расправа за иднината на земјата.

  • Свет 21.01.2014 18:24

    Вонредна состојба во Тајланд

    Тајландската влада воведе двомесечна вонредна состојба во Бангкок и во соседните провинции, во намера да ги задуши протестите што почнаа пред два месеца, како резултат на неуспешниот обид да се воведе закон за амнестија,

  • Свет 21.01.2014 18:18

    Скандал во Атина

    Авионот што ја превезува официјалната делегација на сириската влада на мировната конференција „Женева 2“  во Швајцарија бил задржан на атинскиот аеродром бидејќи, како што се вели, грчките власти одбиле да го наполнат со гориво.

  • Свет 21.01.2014 18:01

    Опасна терористка во Сочи?!

    Русија во паника. Се стравува дека во градот Сочи, каде што ќе се одржат Зимските oлимписки игри, пристигнала жена којашто би можела да биде поврзана со огранизирање терористички напади околу Олимпијадата.

  • Свет 21.01.2014 17:37

    Поповите застанаа меѓу рововите во Киев

    Бог да и е напомош на Украина – е првата мисла по денешните сцени на улицата „Хрушчевски“ во Киев. Вистинска војна се водеше во текот на ноќта, а взори се смири кога свештениците застанаа меѓу двете страни.

Pages