Рускиот претседател Владимир Путин е во посета на Турција, каде што се поставуваат темелите на првата турска атомска електроцентрала „Акују“ во близина на пристаништето Мерсин.
-
Свет 03.04.2018 10:31
-
Свет 02.04.2018 14:37
Кина го возврати ударот, воведе царински тарифи за американски производи
Ескалира царинскиот спор меѓу САД и Кина. Владата во Пекинг воведе царина од 25% за 128 американски производи. Целта е да се заштитат кинеските интереси и да се балансираат загубите предизвикани од новите американски царини за челикот и алуминиумот.
-
Свет 02.04.2018 14:06
Црна Гора: Зачестени судири меѓу криминални банди
Советот за национална безбедност на Црна Гора најави формирање на заеднички специјализирани тимови за поефикасна борба против организираниот криминал поради нарушената безбедносна ситуација и зачестените судири.
-
Свет 02.04.2018 12:56
САД ја блокираа нацрт-резолуцијата на ОН за Газа
САД ја блокираа нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН во која се бара независна истрага за најновите судири и се повикува на воздржаност во појасот Газа.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш побара „независна и транспарентна истрага“ за судирите.
-
Свет 02.04.2018 11:53
Трамп: Мексико да ни помогне на границата
Претседателот на САД, Доналд Трамп бара помош од мексико на заедничката граница поради бранот доселеници кои сакаат да ја користат програмата дака за заштита од депортација на имигрантите кои како деца влегле на американската територија.
-
Свет 02.04.2018 10:24
Кина воведе царини за 128 американски производи
Кина воведе царина од 25% за 128 американски производи, вклучувајќи и свинско месо и овошје. Одлуката е контрамерка на тарифата од САД за челик и за алуминиум.
-
Свет 30.03.2018 15:15
Харадинај им даде отказ на првите луѓе во косовската полиција
Косовскиот премиер Харадинај им даде отказ на првите луѓе во косовската полиција.
-
Свет 30.03.2018 12:52
Австрија би посредувала меѓу истокот и западот
Австриската министерка за надворешни работи Карин Кнајсл изрази подготвеност за посредство во дипломатската криза меѓу Русија и западните земји предизвикана од случајот со труењето на поранешниот руски шпион Скрипал.
-
Свет 30.03.2018 12:13
„Ер Франс“ откажува летови поради штрајк
Поради штрајк, авиокомпнијата „Ер Франс“ предупреди дека ќе бидат откажани речиси 25 насто од летовите за време на католичкиот Велигден.
Вработените и натаму бараат покачување на платите за 6 проценти, и не ја неприфатија понудата на менаџментот од само 1 насто.
-
Свет 30.03.2018 11:24
Франција подготвена да посредува во конфликтот во Северна Сирија
Франција е подготвена да посредува во конфликтот во Северна Сирија, по турската офанзива против курдските борци. На средбата со Сириските демократски сили, претседателот Емануел Макрон повика на дијалог меѓу завојуваните страни.