• Свет 30.07.2018 12:13

    Пречки во преговорите за нула царини меѓу ЕУ и САД

    Преговорите за нула царини меѓу Европската унија и САД наидоа на пречка уште на првиот ден. ЕУ одбива да нема царини за земјоделските производи од САД.

  • Свет 30.07.2018 11:38

    Жртви во пожар во северна Калифорнија

    Неколкумина загинаа во големиот шумски пожар во северна Калифорнија во близина на Рединг. Спасувачите трагаат и по исчезнати. Огнот се прошири поради силните ветрови и сушата.

    Пожарот во националниот парк Јосемити е под контрола во една третина од површината на која што се прошири.

  • Свет 30.07.2018 11:25

    Пожар во неколку градови во Шведска

    Дождот и студениот бран им помогнаа на шведските пожарникари во гаснењето на шумските пожари.

    Една од пречките во операцијата е тоа што огнот зафати полигон за воени вежби на армијата и пожарникарите каде што постои опасност од експлозија на артилериски гранати.

  • Свет 30.07.2018 11:02

    По пожарите, поплави во Атинскиот регион

    По смртоносните пожари во кои загинаа над 90 луѓе, атинскиот регион го погодија поројни дождови. Блокирани се повеќе сообраќајни  правци.

    Пожарникарите имале над 190 повици од граѓани кои биле заробени во водата.

  • Свет 30.07.2018 10:49

    Први избори во Зимбабве по смената на Мугабе

    Во Зимбабве се одржуваат првите парламентарни и претседателски избори по смената од власт на долгогодишниот претседател Роберт Мугабе.

  • Свет 30.07.2018 10:09

    Трамп го обвини Малер за конфликт на интереси

    Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини специјалниот обвинител Роберт Малер за „конфликт на интереси“, поради што не смее да води истрагата на наводното руско мешање во претседателските избори во 2016 година.

  • Свет 27.07.2018 17:33

    Пожарите во Грција најверојатно се подметнати

    Грчките власти тврдат- постојат податоци дека пожарот би подметнат. Како главни причини за катастрофата се наведени и лошите временски услови кои ги отежнаа спасувачките операции во источниот дел на областа Атика.

  • Свет 26.07.2018 16:14

    САД и ЕУ со договор за надминување на трговскиот спор

    Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и претседателот на САД Доналд Трамп постигнаа договор за крај на трговскиот конфликт меѓу Вашингтон и Брисел. Додека течат преговорите кои ќе ги води работна група, нема да се воведуваат нови царини.

  • Свет 25.07.2018 17:59

    Бомбашки напад во Пакистан

    Крвав почеток на парламентарните избори во Пакистан. Црниот биланс од самоубиствениот бомбашки напад на гласачко место на југозападот од земјата е десетици загинати и повредени.

  • Свет 25.07.2018 17:10

    Хуманитарна помош на настраданите во пожарите во Грција

    Грција се мобилизира. Илјадници луѓе им помагаат на погодените од огнената стихија во областа Атина. Црвениот крст на земјата постави камп во градската сала во Рафина за итно обезбедување на најнеопходните намирници.

Pages