• Економија 21.11.2017 10:11

    Земјоделците ја очекуваат зелената нафта

    Земјоделците се поделени околу предвиденото зголемување на акцизата на нафтата со Предлог-буџетот за 2018 година.

    Едни велат дека тоа нема да има големо влијание врз вкупните трошоци, а други бараат Владата да ја преиспита ваквата одлука и да не важи за земјоделците.

  • Економија 20.11.2017 16:45

    Сметководството тешко се подмладува, да се подигне нивото

    Ако не се подигне нивото на професијата, за максимум седум години, ќе нема избор на сметководители во Македонија. Со просечна возраст од 55 години и 75 насто жени, сметководството мака мачи да привлече млади кадри.

  • Економија 20.11.2017 16:06

    Заев: Договори со 19 странски инвеститори

    Деветнаесет странски инвеститори, најголем дел од нив од ЕУ, веќе имаат склучено договор со Владата или се пред склучување договор за влез во Република Македонија, најави премиерот Заев.

  • Економија 20.11.2017 13:30

    Просечната старосна граница на сметководителите е 55 години

    Да не вршат само класичен внес и контрола на деловните трансакции, туку да ги проучуваат и да ги анализираат предностите и недостатоците. Сметководителите бараат професијата биде во тренд со дигиталните технологии.

  • Економија 17.11.2017 15:27

    Малите и средни компании клучни за економијата

    Фондот за иновации и технолошки развој ја проширува финансиската поддршка и на малите и средни компании. Покрај старт- ап и микро компаниите, на следниот јавен повик на Фондот можност ќе добијат и претпријатијата кои остваруваат годишен приход поголем од еден милион евра.

  • Економија 17.11.2017 14:49

    Потребна е поефикасна наплата на даноците

    Посериозен пристап на инспекциските контроли, целосно воведување пополнета даночна пријава од УЈП до јануари 2019 година и подобар информатички систем за поефикасна наплата на даноците - најави министерот за финансии Тевдовски. Вели, граѓаните мора да сфатат колку е важно да се плаќаат даноците.

  • Економија 17.11.2017 12:57

    Тевдовски: Граѓаните мора да сфатат колку е важно да се плаќаат даноците

    Посериозен пристап на инспекциските контроли, целосно воведување пополнета даночна пријава од страна на УЈП до јануари 2019-та година и подобар информатички систем за поефикасна наплата на даноците, најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски.

  • Економија 17.11.2017 12:25

    „Сименс“ отпушта 6.900 работници

    Поради промените во секторот за енергетика, германскиот индустриски конгломерат „Сименс“ отпушта 6.900 работници. Акциите на компанијата, која вработува 372.000 луѓе на глобално ниво, се намалија на берзите по најавата за откази.

  • Економија 16.11.2017 15:23

    Македонија со најнизок раст во регионот

    Продолжената политичка криза го направи своето и македонската економија годинава ќе забележи најнизок раст во регионот на Западен Балкан од 1,5%, додека просекот за шесте земји ќе достигне 2,6%.

  • Економија 16.11.2017 14:27

    Големите компании почнаа со откуп на тутунот

    Големите фирми ги отворија пунктовите за откупот на тутунот во земјава. И на вагите на Прилепскиот Тутунски комбинат почна процената на трудот и маката на тутунарите. Од денеска, шест од девет лиценцирани откупувачи отворија 149 пунктови. Инспекторатот е на теренот.

Pages