• Економија 17.05.2018 12:46

    Почна исплатата на субвенциите за тутун

    Почна исплатата на субвенциите за тутунот од ланската реколта. Зголемување за производството на жолтото злато ќе добијат околу 23 илјади и 400-ни тутунари.

  • Економија 17.05.2018 10:19

    Повеќе мерки за органските производители

    Се подготвуваат новини за зголемување на органското производство. Министерството за првпат планира да објави јавен повик за доделување на државно земјоделско земјиште за производство на органска добиточна храна.

  • Економија 16.05.2018 17:05

    Можности за развој на брзорастечки бизнис за млади

    Со позитивна енергија и верба во себа, Стефанија ја започна нејзината бизнис сторија. Млад и успешен претприемач, сопственик на музичко студио. Бизнисот го старувала пред речиси една година со грант од 4.000 евра преку Програмата за самовработување.

  • Економија 16.05.2018 16:31

    Прилепскиот мермер и тутун може да се најдат на чешкиот пазар

    Прилеп ќе ја унапредува економската, трговската, културната и туристичката соработка со Република Чешка, констатираа денеска прилепските локални власти, стопанствениците од регионалната комора по средбата со чешкиот амбасадор Мирослав Томин.

  • Економија 16.05.2018 15:26

    Анита Ангеловска- Бежоска нов предлог за гувернер на НБРМ

    Откако актуелниот гувернер на Народната банка, Димитар Богов се повлече од кандидатурата за уште еден мандат на функцијата, шефот на државата Ѓорге Иванов за нов гувернер ја предложи актуелната вицегувернерка, Анита Ангеловска- Бежоска.

  • Економија 16.05.2018 13:33

    Богов се повлекува од кандидатурата за гувернер на НБРМ

    Актуелниот гувернер Димитар Богов се повлекува од кандидатурата за нов мандат на чело на Народната банка. За тоа веќе го известил претседателот Иванов кој го предложи за нов гувернерски мандат.

  • Економија 16.05.2018 10:29

    Увоз на свинско месо без царина

    Укинувањето на царинската давачка за увоз на замрзнато свинско месо ќе трае до 15-ти ноември 2018-та година. Со оваа одлука на владата се очекува зголемување на извозот  на домашната индустрија за производство на преработки од месо, а ќе се зголеми и бројот на вработените.

  • Економија 15.05.2018 13:07

    И општините да повлекуваат средства од ИПАРД

    И општините повеќе да користат средства од ИПАРД 2. Ова е можност, вели првиот човек на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, Бабамовски, земјава да се насочи кон квалитетни и конкурентни производи, а преработувачката индустрија да повлече што повеќе пари.

  • Економија 15.05.2018 10:35

    Од денес во оптек нови полимерни банкноти од 10 и 50 денари

    Од денеска во оптек првите полимерни пари, во апоени од 10 и 50 денари, а се повлекуваат книжните 10 и 50 денарки, соопшти Централната банка.

  • Економија 15.05.2018 10:22

    Неделава субвенции за тутунот

    Неделава треба да почне исплатата на субвенциите за тутунот од ланската реколта.

    За парите навреме  да легнат на сметката на тутунарите, Платежната агенција ќе направи контрола во монополите за откупените количества и класи, по што ќе се изготват решенијата за исплатата.

Pages