Технологија

Блог вести

  • Технологија 03.10.2017 10:43

    Моментно најдобриот „Ајфон“ на Епл, е и најевтин

    „Ајфон Икс“ е поубав и побрз од сите претходни, но и неспоредливо поскап - чини илјада долари.

    Така, за оние што не можат да си го дозволат, Епл го препорачува својот „Ајфон СЕ“, којшто освен што е подостапен, е и поиздржлив. Моментно чини 350 долари, а има се што содржи „Ајфон 6-с“.

  • Технологија 27.09.2017 14:18

    Гугл слави 19 години од основањето

    Гугл денеска слави 19 години и по тој повод одлучи да приреди голем број изненадувања.

    На страницата на пребарувачот се нуди т.н. Гугл Дудл спинер со кој може да се избере игра која сакате да ја играте.

  • Технологија 21.06.2017 11:52

    Гугл ќе ги рангира апликациите по квалитет

    Со над два милиони апликации во „Гугл Плеј Стор“, наоѓањето добри програми е предизвик.

    За таа цел, Гугл има намера да им помогне на корисниците на Андроид платформата, со тоа што ќе ги рангира апликациите по квалитет.

  • Технологија 14.06.2017 11:38

    Откриен софтвер што може да урне електрична мрежа

    Истражувачи од Словачка и САД открија, односно детектираа тн. штетен софтвер кој може да уништи цела електрична мрежа, наведувајќи дека веројатно токму тој малвер е одговорен за кусиот прекин на струја што се случи во Киев кон крајот на минатата година.

  • Технологија 31.05.2017 13:23

    „Гугл“ ќе учествува во проекти за креирање вештачка интелигенција

    „Гугл“ почнува програма за помош на компании посветени на изработка на вештачка интелигенција, пишува „Тек-Њуз“.

    Во рамките на програмата, интернет гигантот ќе ги снабдува компаниите и со финансии и со информации. Финансиската поддршка ќе биде делумно обезбедена од фондот Гугл Венчрс.

  • Технологија 25.05.2017 13:52

    МП3 заминува во историјата

    Дигиталниот аудио формат MП3 оди во историјата, потврди институтот Фраунхофер, од каде што соопштија дека ќе запрат со лиценцирањето на програмата.

  • Технологија 19.05.2017 14:18

    Епл почна производство на АјФон во Индија

    Компанијата Епл бара нови пазари за продажба на АјФон, па покрена производство во Индија, која е главна цел. 

  • Технологија 02.05.2017 14:02

    Џек Ма: За 30 години роботите може да бидат директори

    Претседателот на компанијата Алибаба Џек Ма го предупреди светот дека може да се соочи со повеќедецениска болка поради нарушувањата кои во различни сегменти на стопанството ќе ги предизвикаат интернетот и новите технологии. 

  • Технологија 19.04.2017 11:27

    „Алфабет“ произведе часовник за следење на здравјето

    Американската компанија „Алфабет“ произведе паметен часовник наречен „Стади Вач“ наменет за следење на здравјето, кој ќе се користи за опсервациски здравствени истражувања.

    Според првите проценки, овој часовник е подобар од часовникот на Гугл за следење на здравјето, објави „Верџ“. 

  • Технологија 22.03.2017 11:42

    Епл ја промовираше новата линија смартфони во црвена боја

    Американската компанија „Епл“ го претстави својот нов „Ајпад“ таблет и „Ајфон“ во црвена боја, јави весникот „Ју-Ес-Еј Тудеј".

    Таблетот има камера од осум мегапиксели, екран од 25 сантиметри, процесор А9 и батерија со трајност до 10 часа. Ќе биде достапен на пазарот од 24 март.

Pages