Вести

  • Свет 27.03.2017 11:20

    Демохристијаните на Меркел победници на регионалните избори во Сар

    Со 40,7 отсто, Демохристијаните на германската канцеларка Ангела Меркел победија на регионалните избори во Сар. Противничката Социјалдемкратска партија на Германија, на левиот центар на чело со Мартин Шулц, освои 29,6 отсто од гласовите.

  • Економија 27.03.2017 11:10

    Растат барањата за потрошувачки кредити

    Банките се полни со пари, граѓаните со рати за кредити, а фирмите се резервирани и недоверливи. Според Народна банка, во февруари за 13 насто се зголемиле потрошувачките кредити во споредба со лани. Така е и со станбените.

  • Економија 27.03.2017 11:06

    Само 7% од текстилното производство е македонско

    Само седум проценти од производството на текстил е со предзнак македонско, остатотокот е лон. Според менаџерите, домашните текстилни фабрики работат со застарена технологија, а се соочуваат и со недостиг на кадар.

  • Македонија 27.03.2017 10:39

    Продолжува конститутивната седница на Собранието

    По речиси три месеци, пратениците од новиот парламентарен состав повторно се враќаат во собраниските клупи. За 12 часот е најавено продолжението на конститутивната седница, на која треба да се избере составот на Комисијата за избори и именувања.

  • Македонија 27.03.2017 10:29

    На „Ало докторе“ досега 145.832 јавувања

    Вкупно 145.832 повика се регистрирани на телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“ од 15 септември 2014 година, кога е отворена.

  • Култура 27.03.2017 10:27

    Прилепскиот театар со премира за Светскиот ден на театарот

    Премиерата на „Ништо без Трифолио“ е подарок на Прилепскиот театар за фелата и за Светскиот ден на театарската уметност. Оваа изведба на текстот на Русомир Богдановски сака да понуди современа верзија на љубовта, но и на односите во нашето современо живеење.

  • Македонија 27.03.2017 10:21

    Пад на температурите

    По неколкудневните високи температури, денеска позначително нивно опаѓање во интервал од 7 до 14 степени.

    Се очекуваат и повремени врнежи од дожд, претежно во југозападните и во јужните делови, а на планините и на повисоките места, врнежи од снег.

  • Свет 27.03.2017 10:16

    Средба Вучиќ- Путин во Москва

    Премиерот на Србија Александар Вучиќ ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Москва. Разговорите ќе се однесуваат на економската соработка и Евроазиската унија, но и на одбраната.

  • Македонија 27.03.2017 10:13

    Мразот им се заканува на овошките

    Топлото време и високи температури ги расцветаа бадемите и кајсиите, а кај овошките долж Повардарието почна и формирањето на плодот.

    Во оваа фаза на развојот најчуствителни се кајсиите кои трпат штети и на температури пониски од 0, а бадемот од минус 1 степен.

  • Економија 27.03.2017 09:32

    Предлог протокол за подобрување на состојбата на работниците

    Предлог- протокол за социјален напредок ќе презентира денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

    Протоколот е клучен документ-платформа за обезбедување на социјалниот напредок во Македонија и е од фундаментално значење за подобрување на состојбата на работниците, информира ССМ.

Pages