Вести

  • Економија 19.06.2018 10:15

    Почна жетвата на јачменот, проблем ниската откупна цена

    Жетвата на јачменот стартуваше во овчеполскиот регион, втората по големина житница во земјава. Производителите се задоволни од собраното, приносите се рекордни од 3 до 5 тони по хектар, а исто така и квалитетот е одличен.

  • Свет 19.06.2018 10:08

    Трамп нареди формирање на Вселенска војска

    Американскиот претседател му нареди на Пентагон да формира вселенска војска независна од авијацијата.

  • Македонија 19.06.2018 09:20

    Договорот за името на ратификација пред пратениците

    Собранието на Република Македонија денеска треба да ја започне седницата на која на дневен ред е Предлог- законот за ратификација на договорот за решавање на спорот за името, по скратена постапка. Очекувањата се дека ратификацијата на договорот во Собранието ќе се случи до крајот на неделата.

  • Македонија 18.06.2018 15:20

    Јавна расправа за националната стратегија за деинституционализација

    Над двесте деца, помали од три години, деца со попреченост и деца кои се одделени од своите родители поради злоупотреба или насилство се згрижени во институции. Штитеничка раскажа за својот живот во Заводот во Демир Капија.

  • Македонија 18.06.2018 15:10

    Реакции за инцидентот пред Собранието

    Во протестите пред Законодавниот дом, осум полицајци и четворица цивили, меѓу кои еден новинар, биле повредени и донесени во клиничкиот Ургентен центар. Имале посекотини и удари по главата и телото од тврди предмети. Десетмина од нив биле задржани на Клиниката за пластична хирургија.

  • Македонија 18.06.2018 14:59

    Поројни дождови до крајот на неделата

    До крајот на неделава времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локални поројни врнежи од дожд проследени со грмежи, особено во попладневните часови. Во текот на утрешниот ден ќе има повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, особено попладне.

  • Македонија 18.06.2018 14:56

    Владата го усвои предлог- законот за ратификација на Договорот со Грција, на потег е Собранието

    Владата го усвои предлог- законот за ратификација на договорот со Грција. На потег е Собранието.Треба да следи усвојување. ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека нема да даде поддршка на договорот затоа што смета дека е капитулантски.

  • Економија 18.06.2018 14:49

    Државна помош за компаниите

    Пари од државата за компаниите што инвестирале и отвориле нови работни места во 2017-та, најави вицепремиерот за економски прашања. Почна да функционира програмата за финансиска поддршка на инвестициите.

  • Македонија 18.06.2018 14:11

    Коцијанчич: Македонија засега останува ПЈРМ за ЕУ

    Портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич, прецизираше дека сѐ додека не е целосно имплементиран договорот постигнат помеѓу Грција и Македонија за спорот со името, Европската унија ќе продолжи да ја нарекува земјата според привременото име.

  • Свет 18.06.2018 13:56

    Меркел под притисок за бегалците

    Германската канцеларка Ангела Меркел, под притисок на министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер и австрискиот канцелар Себастијан Курц, прифати учество на Самит на земјите кои се најпогодени со мигрантскиот бран. Можни локации за средбата се Виена, Берлин или Рим.

Pages