Вести

  • Македонија 01.02.2014 17:30

    METEO

    Во втората половина од викендот ќе имаме слично време на денешното. Ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди.
     
    Во западните и југозападните делови на повисоките места и на планините ќе има слаби врнежи од снег, а на пониските места дожд.
     
  • Економија 01.02.2014 16:40

    Концесии во рударството

    Дваесет компании ќе вршат геолошки истражувања, а 6 ќе почнат со експлоатација на минерални суровини. Според бизнис плановите тие за 5 години ќе инвестираат 700 милиони денари и ќе отворат околу 150 работни места, најголем дел во рурални подрачја.
  • Економија 01.02.2014 16:30

    Во Свети Николе се гради фабрика за печурки

    Во близина на Свети Николе почна изградбата на нова фабрика за печурки, во која ќе бидат вработени 450 луѓе. Целосната изградба на комплексот ќе биде комплетирана за 4 до 5 години, но првата фаза на производство почнува уште овој септември.

  • Македонија 01.02.2014 16:04

    На 13-ти април претседателски избори

    За шеф на државата ќе се гласа на 13-ти април. Претседателот на Собранието Трајко Велјановски го потпиша решението. Ќе биде доставено до државната изборна комисија и до Министерствата за надворешни и за правда.

  • Македонија 01.02.2014 16:02

    Патот Ерџелија –Мустафино пуштен во употреба

    Пуштен во употреба локалниот пат Ерџелија –Мустафино во општина Свети Николе, во должина од 3,14 километри, широчина 5 метри, со инвестициска вредност од 11,2 милиони денари.

  • Свет 01.02.2014 15:56

    Извесни интервенции против демонстрантите во Киев

    Интервенција на војската против демонстрантите во Киев е многу извесна, предупреди опозиционерот Арсениј Јаценјук и побара санкции против својата земја на самитот во Минхен.
  • Македонија 01.02.2014 15:49

    Катастарот и нотарите ќе работат електронски

    Завршува сликата на полни ходниици во Катастарот. Од понеделник се воведуваат електронски постапки. Додека работат на предметот, скопските нотари ќе ја имаат на увид моменталната состојба во катастарот.
  • Македонија 01.02.2014 15:38

    Реконструкција на Општата болница во Струмица

    Стартуваше процедурата за реконструкција на општата болница во Струмица.
     
  • Свет 01.02.2014 15:14

    Поплави во Италија и Франција, суша во Калифорнија

    Стотици жители на Пиза и Тоскана беа принудени да се евакуираат поради излевањето на реката Арно во северна Италија. Ваквите поплави во оваа област не се забележани од 1966-та година.
  • Македонија 01.02.2014 15:09

    Сараќини: Инвестиции во новите локации за геолошки истражувања

    Во новите 26 локации за детални геолошки истражувања и за експлоатација на минерали, кои им беа доделени на домашни и на странски компании ќе бидат вложени 700 милиони денари (нешто повеќе од 11 милиони евра) и истите ќе отворат околу 150 нови работни места,

Pages