Вести

  • Македонија 05.11.2013 09:43

    Тепачка кај Нова Железничка

    Тепачка синоќа околу 19 и 30 часот избувна меѓу две групи деца кај нова железничка. Едно од нив  е повредено и префрлено во ургентниот центар. Констатирани биле  телесни повреди. Едната група биле ученици од  хемиското средно училиште, а другите од ПТТ.

  • Македонија 04.11.2013 21:20

    Цапа се извини на Груевски

    Момчето кое пред една година го нападна автомобилот на македонскиот Премиер во Тирана денеска се покаја за својата постапка. Таулант Цапа во македонската Влада лично му се извини на Никола Груевски и изрази жалење за инцидентот.

  • Свет 04.11.2013 15:55

    Сиријските бегалци, шират болести во Европа

    Ја поминуваат границата среде глува ноќ, на прсти низ минските полиња, низ бодликавите жици. Заради бебето што го држат во рацете, во потрага подобра иднина во Европа. Но бебето е заразено. Не било вакцинирано поради војната.
  • Економија 04.11.2013 14:49

    100 милиони евра за подобрување на општинската инфраструктура во земјите на Западниот Балкан

    Европската банка за обнова и развој  и германската КФВ , со заеднички напори, ќе основаат Фонд за подобрување на општинските инфраструктури во земјите на Забадниот Балкан.
  • Култура 04.11.2013 14:28

    Недела на руски филмови

    Еден од најистакнатите руски режисери Карен Шахназаров гостува во Скопје, по повод ревијата на негови филмови што ја организира Филмскиот фонд на Македонија и руската амбасада во земјава. 
  • Македонија 04.11.2013 14:11

    Прстен на Гоце Делчев

    Катерина Нурџиева-Делчева, е внука на Гоце Делчев и сегашен сопственик на неговиот прстен со чиј отпечаток во црвен восок Делчев заверувал документи. Овој прстен таа ќе го подари на штипскиот универзитет кој го носи името на нашиот истакнат револуционер. 
     
  • Македонија 04.11.2013 13:44

    22 годишен од кичевско Зајас изрешетан со куршуми на паркинг

    Момчето било донесено  во  медицинскиот центар во Кичево синоќа околу 22 часот. 22-годишниот имал прострелни рани во пределот на потколеницата. Момчето било изрешетано со куршуми на паркинг во атарот на селото Кнежино.
  • Македонија 04.11.2013 11:46

    Полицијата се подмлади со 318 полициски службеници

     Со добивањето на полициската значка  се заколнаа дека ќе ги почитуваат основните слободи и права на граѓаните и уредно ќе ја извршуваат полициската работа.. Подготвени се за предизвиците. 
     
    Андријана Костадиновиќ  - полицаец 
  • Свет 04.11.2013 11:05

    Авионска несреќа во Боливија

    Најмалку 9 лица загинаа, меѓу кои и тројца владини претставници во авионска несреќа во североисточниот дел на Боливија.

  • Свет 04.11.2013 11:03

    Дортмунд бомба

    Германските власти успешно деактивираа огромна бомба останата од втората светска војна. Поради опасноста евакуирани беа  квартови во Дортмунд. Над 20 илјади лица беа принудени да ги напуштат домовите, а беа евакуирани и повеќе болници и други институции.

Pages