Вести

  • Свет 10.10.2018 10:48

    Ураганот „Мајкл“ преминa во трета категорија

    Ураганот Мајкл премина во трета категорија од можните пет според скалата Сафир-Симпсон. Жителите на Флорида подготвени да се соочат со бурата којашто постепено го засилува интензитетот.

  • Македонија 10.10.2018 10:44

    Градинарите задоволни од цената на ајварката

    Земјоделците се задоволни од откупната цена на ајварката. На пазарот на големо во Струмица се откупува од 25 до 40 денари за килограм, а преработувачките капацитети ја плаќаат по 23 денари. На пазарите на мало, цената достигнува и повеќе 50 денари.

  • Македонија 10.10.2018 10:42

    Уставните измени на собраниска комисија

    Првата седница на Комисијата за уставни прашања на Собранието на Република Македонија ќе започне денеска напладне, додека пленарната седница е закажана за понеделник.

  • Култура 09.10.2018 16:14

    Почна снимањето на третата сезона на „Преспав“

    Падна првата клапа на снимањето на третата сезона на „Преспав“,  телевизиска серија што постигна голем успех. Се снима во Македонската телевизија. Емитувањето ќе почне од декември на првиот канал на МРТ. Се најавува интересно сценарио, многу заплети и комични ситуации.

  • Македонија 09.10.2018 16:02

    Различни ставови за уставните измени

    Време е сите пратеници кои се за НАТО и ЕУ заеднички да преземат одговорност во име на граѓаните кои ги избрале, да ги поддржат процесите во Собранието и уставните измени да бидат усвоени- вели потпретседателот на СДСМ и пратеник Александар Кирацовски.

  • Свет 09.10.2018 15:24

    Приведен Романец за убиството на Маринова

    Протести и притисок врз бугарската влада по бруталното убиство на новинарката Викторија Маринова,  уредник на емисијата „Детектор“ која третира теми поврзани со корупција и финансиски малверзации, вклучувајќи и злоупотреба на фондовите од ЕУ. Полицијата приведе Романец.

  • Економија 09.10.2018 15:16

    ММФ: Годинава раст на македонската економија од 1,6%

    Економскиот раст на Македонија годинава ќе биде 1,6 насто, предвидува Меѓународниот монетарен фонд во есенскиот извештај. Ја корегира претходнодната проценка од 2,8 проценти.

  • Македонија 09.10.2018 15:13

    ПССЕ: Да се почитува волјата на оние кои гласале на референдумот

    За ситуацијата во Македонија по референдумот, стана збор и на есенската сесија на ПССЕ се осврна шефот на набљудувачката мисија на гласањето австрискиот пратеник Стефан Шенах фи потсети пратениците од 47 земји членки на Советот на Европа на она што се случува во Македонија.

  • Македонија 09.10.2018 15:01

    Затворена синдикалната просторија на Независниот синдикат на возачи на ЈСП- Скопје

    Независниот синдикат на возачи при ЈСП- Скопје го обвини менаџментот за противзаконско попречување на синдикалното организирање, пломбирање на просториите и документацијата, како и присилно отчленување на членството, кое е дел од Конфедерацијата на слободни синдикати.

  • Македонија 09.10.2018 14:54

    70 проценти од играчките на македонскиот пазар се небезбедни

    Македонските пазари и продавници се полни со играчки што се небезбедни и опасни за децата. Содржат ситни делчиња, звукот ги надминува дозволените децибели, имаат знаци кои насочуваат дека се токсични – покажува истражувањето на невладината „Новинари за човекови права“.

Pages