Како полесно до јавните набавки?

08.06.2014 16:28

Минатата година од 287 микропретпријатија, тендери добиле 203 фирми со вкупна вредност од 1,7 милиони евра...

Секоја фирма што мисли дека има производи за јавни набавки и има до десет вработени може бесплатно да поплни електронска апликација и да добива тендери по основ на јавни набавки. На овој начин на малите претпријатија им се дава можност да ги прошират капацитите , да закрепнат и да ја зголемат конкурентоноста.

„Се надевам дека ќе биде лесно за учество и треба да се искористи оваа можност,доколку некој има желба и има капацитет“, вели Лиле Петрушевска сопственик на фирма за производство на ХТЗ опрема.

Некои фирми на овој начин набавија  компјутери, други си вработија луѓе, а имаше и такви кои средствата ги искористија за едуцирање и обука- велат експертите. 

„Ние ги охрабруваме и нудиме, обука, знаења ,прирачници,секојдневна помош за да ги надминат своите слабости,да се охрабрат и да влезат на пазарот на јавни набавки и тие да видат бенефит од тој огромен потенцијал“,вели Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации.

Досега од Североисточниот регион се пријавиле 60-тина микропретпријатија, но надлежните очкеуваат бројката да достигне до 150-тина фирми.

„Асистираме и даваме редовно информациии за тековни огласи кои што се распишани,а и самите можат да се информитраат преку веб страната вели, zanavaki.mk“, рече координаторот на Регионалниот Центар за поддршка на микропретпријатијата во Севеоисточниот регион, Весна Шкортова.

Проектот за пристап на микропретпријатијата до јавни набавки го финасира УСАИД.

„Знаеме пристапот до јавните набавки е отежанат и токму затоа сакаме да им помогнеме.На овој начин се подобрува целиот процес на самите договорни органи и на Владата за да се зголеми конкуренцијата за јавни набавки и во истовреме да се добијат подобри понуди со најдобри цени“, изјави Џејмс Стаин, директор на УСАИД.

Малите претпријартија се најзначајни на пазар затоа што ја потикуваат локалната економија. Минатата година од 287 микропретпријатија, тендери добиле 203 фирми со вкупна вредност од 1,7 милиони евра.

 

 

Габриела Димковиќ