Комбинаторки за изборите

11.02.2024 16:44

ВМРО – ДПМНЕ продолжува со сондажите на персоналните решенија за можен претседателски кандидат...

ВМРО – ДПМНЕ продолжува со сондажите на персоналните решенија за можен претседателски кандидат. Во моментов се анализираат три имиња вели претседателот на партијата Мицкоски, без да открие повеќе детали. Кој ќе ја добие довербата ќе се одлучи на конвенцијата на втори март. Во однос на поделбите во Алијанса за албанците, Мицкоски рече дека не се мешаат во внатрешните работи на друга партија, но секако следат што се случува.

И додека Мицкоски најавува дека во понеделник ќе се случи конститутивната седница на републичкиот изборен штаб со што практично партијата влегува во кампања, коментира и дека како што рече СДСМ коленичат во Приштина и во Скопје, партиите од албанскиот блок да не излезат со свој претседателски кандидат, што би било политички незрело.

Од СДСМ пак преку соопштение велат дека ВМРО-ДПМНЕ нема план ниту јасен став за ниту едно прашање. Се наоѓаме во исклучително важен момент и пред шанса која не смее да се пропушти. Тоа би значело застој и уназадување на досега постигнатото, стои во дописот од социјалдемократите.

 

Миле Ристески