По 14 години конечно договор за ГМО во Брисел
12.06.2014 17:14
Европските земји освен Белгија и Луксембург се усогласија за одгледување на ГМО...

Европските земји постигнаа компромис со кој се овозможува одгледување на генетски модифицирани култури на своите територии, со можност државите кои не се согласуваат да го спречат тоа.
Европските земји освен Белгија и Луксембург се усогласија за одгледување на ГМО, изјавил грчкиот министер за животна средина Јоанис Манијатис,пренесува агенцијата Бета. Начелниот договор е усвоен на 28 мај годинава на состанокот на 28-те постојани претставници на земјите членки на ЕУ, по долгогодишни обиди да се постигне договор во оваа област. Тој ќе и овозможи на секоја земја да го забрани одгледувањето на ГМО на цела територија или само на еден дел, но, не од здравствени причини или поради заштита на животната средина.
Причините за забрана можат да бидат јавен ред, управување со просторот или спречување на ширење одредени видови. Дури и членките на ЕУ кои се против ГМО не можат да забранат транзит на овие култури. Овој договор производителите на ГМО го чекаа 14 години. Досега процедурите за дозвола за одгледувања на ГМО беа долгу и комплицирани и беа предмет на несогласувања и политички спорови. Договорот треба да го разгледа и Европскиот парламент.
Соња Стојановска
