Документарна серија

ПАПАТА, НАЈМОЌНИОТ ЧОВЕК ВО ИСТОРИЈАТА

Во шесте епизоди од серијата „Папата, најмоќниот човек во историјата“, во кои како наратор се јавува Лиам Нисон, е прикажана историјата на папите и папството. Преку архивски снимки, драматични сведоштва, изјави од експерти и свештеници, документарната серија ни  пренесува како се развивало папството низ вековите и како и зошто папата станал најмоќниот човек во историјата.