Документарна серија

РАЗОТКРИЕНИ ЗАГОВОРИ

Фасцинантна серија која длабоко навлегува во најскриените, најдлабоките мистерии и заговори од најстарата историја па се до ден денешен и ги разоткрива тајните на случаите кои одамна биле заборавени. Користејќи најсовремена техника и најнови научни откритија, досега невидени архивски и научни снимки, објаснувања од врвни научници, истражувачи, форензичари и поранешни офицери за тајни операции, серијата „Разоткриени заговори“ ги комбинира науката и мистеријата на еден исклучителен начин.