Џорџ Буш постариот прослави 90 години скокајќи со падобран!

13.06.2014 12:08

На својот профил на Твитер, поранешниот претседател на САД напиша: „Прекрасен ден во Мејн, всушност одличен за скок со падобран“...

Поранешиот американски претседател Џорџ Буш го прослави 90-тиот роденден, скокајќи со падобран од хеликоптер. 
 
И покрај здравствените проблеми со коишто се бореше минатата година, претседателот Буш одлучи да му се придружи на тимот ветерани и поранешни челнови на Златните витези. 
 
На својот профил на Твитер, поранешниот претседател на САД напиша: „Прекрасен ден во Мејн, всушност одличен за скок со падобран“.
 
Ова е 8-иот скок на Буш. Првтио се случил над Пацификот во Втората светска војна.