Екстремистите во Ирак заземаат поголема територија!

13.06.2014 13:15

Медиумите јавуваат дека екстремистите ги зазеле градовите Саадија и Џалаула, и се наоѓаат на 50 километри до Багдад, главниот град на Ирак, каде нивото на безбедност е највисоко...

Расте хаосот во Ирак. Екстремистите заземаат се поголема териотрија. Ирачката војска се повлекува пред  офанзивата на бунтовниците. Владата на Малики е немоќна да се справи со состојбата, панично бара помош.  

Медиумите јавуваат дека екстремистите ги зазеле градовите Саадија и Џалаула,  и се наоѓаат на 50 километри до Багдад, главниот град на Ирак, каде нивото на безбедност е највисоко.  

Илјадници млади луѓе се регрутираат. Потпаролот на радикалната група ИДИЛ се закани дека престојат жестоки борби за завземање и поставување  на целосна контрола ннад светите градови Багдад и Карбала.

Екстремистите се подготвуваат и се прегрупираат, според БИ БИ СИ, групата запленила голема количина оружје од ирачката војска додека таа се повлекувала. Меѓународната заедница е загрижена поради ескалацијата на насилството.

„Советот за безбедност имаат заеднички став околу состојбата во Ирак. Ние го подржуваме ирачкиот народ и ги подржуваме во нивната борба против тероризмот. Најостро ги осудуваме сите терористички напади без разлика на нивнта мотивација“, вели Виталиј Чуркин претставник на Русија во ОН.

САД  размислуваат дали да испратат помош на ирачката војска за  задушување на бунтот. Претставници на НАТО и на Велика Бриранија во моментот не планираат воена интервенција. Населението е во паника, илјадници луѓе се раселуваат.

„Загрижени сме за нашата безбедност, ги оставивме домовите, одиме на место кое е посигурно за нас и за нашите деца“, вели еден жител.а

Владата на премиерот Малики вчера не успае да постигне кворум за прогласување вонредна состојба, што би ја олеснило состојбата и би и му дало дополнителни овластувања  за справување со ситуацијата.     


Марија Петковска