Џихадистите се поблиску до Багдад
Борците на Исламската држава Ирак и Левант ги освоија градовите Рава, Ана и Рутба, и ја зацрвстуваат својата позиција во регионите кон границата со Сирија...

Милитантите на исламската држава во ирак и левант освоија стратешки важен граничен премин и три нови градови во западен ирак.американскиот државен секретар џон кери ја почна турнејата на блискиот исток. Ирак е главна тема.
Борците на Исламската држава Ирак и Левант ги освоија градовите Рава, Ана и Рутба, и ја зацрвстуваат својата позиција во регионите кон границата со Сирија. Американскиот министер за надворешни работи Џон Кери ја почна турнејата на Блискиот Исток и во Европа.
„Случувањата во регионот со Сирија, Ирак и други прашања се главна тема на нашата дискусија“, изјави Џон Кери, министер за надворешни работи на САД.
САД најавија пмош за Ирак во борбата против џихадистите, но нагласија дека престојот на војниците нема да биде долг. Во меѓувреме, иранскиот претседател Хасан Рохани повика на единство меѓу шиитите и сунитите во борбата против екстремизмот.
„Силите кои ги поддржуваат терористите треба да сфатат дека можеби тие ќе бидат наредната цел на напад. Ве повикувам сите да се обедините и во мир да живееме за време на празникот Рамазан“, вели Хасан Рохани, претседател на Иран.
И Иран застана на страната на властите во соседен Ирак. Инаку, т.н. ИДИЛ е една од најбогатите терористички организации во светот. Како нејзин финансиер се наведува Саудиска Арабија, но и другите Заливски земји како Катар, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати. Пари добиваат и од нафтените полиња во северна Сирија, но и од банките што ги држат под контрола.
Само од централната банка во Мосул зеле 429 милиони американски долари. Се претпоставува дека џихадот на Исламската држава Ирак и Левант чини околку две милијарди долари.
