Порошенко се согласи на дијалог со сепаратистите

22.06.2014 19:35

Иницијативата следува по прогласувањето на едностраниот прекин на огнот којшто беше поддржан и од рускиот претседател Владимир Путин...

Украинскиот претседател Петро Порошенко се согласи на дијалог со сепаратистите кои не се директно вмешани во крвопролевањето во Источна Украина. 

Иницијативата следува по прогласувањето на едностраниот прекин на огнот којшто беше поддржан и од рускиот претседател Владимир Путин.

Порошенко најави дека Парламентот ќе донесе Закон со кој ќе се гарантира амнестија за сите членови на нелегално вооружените формации, кои не убиле цивили и украински војници.