Егзекутиран судијата кој го осуди Садам Хусеин на смрт
Raouf Abdul Rahman кој го осуди лидерот на Ирак со бесење во 2006 -та, бил заробен и убиен по два дена...

Судијата кој го осуди поранешниот лидер на Ирак , Садам Хусеин , бил фатен и егзекутиран од страна на бунтовници, пренесува dailymail.co.uk
Raouf Abdul Rahman кој го осуди лидерот на Ирак со бесење во 2006 -та, бил заробен и убиен по два дена. Неговата смрт не е потврдена од Ирачката влада, но официјално не ги отфрлаат сомнежите.
Тој го водеше судењето против Садам Хусаин за злосторство против човештвото и убиство на 148 луѓе во град во Дујаил.
Се верува дека бил заробен на 16 Јуни, и по само два ден бил осуден на смрт, од страна на приврзаниците на поранешниот лидер.
По пресудата во 2006, и заканите по живот за судијата, тој во 2007 побарал азил за него и неговата фамилија во Британија.
