Кери во Багдад, џихадистите заземаат се поголема територија!

23.06.2014 13:02

Потпаролот на Стејт Департментот Џејн Псаки изјави дека подпретседателот на САД, Џон Кери на ирачките лидери ќе им понуди помош и ќе ги повика поскоро да формираат Влада која ќе ги обедини интересите на сите ирачани...

Американскиот државен секретар Џон Кери во ирачкиот главен град на разговори за кризата која се проширува и е сериозна закана за регионот. Од безбедносни причини  местото и времето на средбата со ирачкиот премиер Малики се држи во тајност. Потпаролот на Стејт Департментот Џејн Псаки изјави дека Кери на ирачките лидери ќе им понуди помош и ќе ги повика поскоро да формираат Влада која ќе ги обедини интересите на сите ирачани. Претходно, во Египет Кери ги предупреди екстремистите дека идеологијата за насилство и репресија е закана и за Ирак и за целиот регион.

„Мораме внимателно да го следиме развојот на настаните. Нивната вонсериска идеологија претставува долгорочна закана“, изјави претседателот на САД, Барак Обама.

Борците на Исламската држава Ирак и Левант зазедоа три клучни гранични премини кон Сирија и Јордан и освоија четири градови. Ирачката влада ја губи контролата на своите граници. Продолжуваат и судирите во близина на Багдад, каде што ирачката војска успеала да ги потисне бунтовниците и да заплени голема количина оружје. Медиумите соопштуваат дека неколку важни аеродроми во северниот град Тал Афар исто така се под контрола на џихадистите. Бројот на бегалците постојано расте.

„Мораме да ги згрижиме луѓето кои ги напуштиле домовите. Тие немаат каде да одат. Ни побараа помош и ние им помогнавме барем тоа можеме да го сториме“, вели еден жител

Косовската Влада и некои држави на Балканот кои не ја почитуваат волјата на Алах би можеле да бидат цел на напад вели, порталот Косово Лајмет повикувајки се на меѓународни извори. Косовската полиција ги демантира тврдењата.

 

Марија Петковска