Европа нема да остане без руски гас!
Недоразбирањата меѓу Украина и Русија продолжуваат, како и напорите на властите во Киев преку продажба на пакет од 49% од гасоводот на западни компании да ја сопрат градбата на гасоводот Јужен тек...

Испораките на руски гас за потрошувачите во европа се стабилни , и покрај ценовниот спор меѓу москва и киев,соопшти руската гасна компанија Гаспром.
Транзитот преку територијата на Украина тече според договорените параметри, а во изминатите 24 часа се транспортирани 205 милиони кубни метри, изјави портпаролот на енергетскиот гигант Сергеј Купријанов.
Недоразбирањата меѓу Украина и Русија продолжуваат, како и напорите на властите во Киев преку продажба на пакет од 49% од гасоводот на западни компании да ја сопрат градбата на гасоводот Јужен тек.
Ова според упатените е тешко остварливо, но украинскиот премиер Јацењук ги убедува парламентаците во Киев дека на тој начин ќе се загуби интересот за новиот гасовод.
Во предложениот Закон за приватизација на гасоводната мрежа, украинската влада сака да продаде половина од системот, но не и 13 – те подземни складови за гас во кои можат да бидат акумулирани дури 32 милијарди кубици пророден гас кој се троши во зимската грејна сезона.
Свето Николовски
