Објавени нови фотографии кои ја докажуваат поврзаноста на Златна зора со нацистичката идеологија
На една од фотографиите е прикажан Михалолиакос како млад, како поздравува нацистички со крената рака, пред голема свастика. Не е познато кога е направена фотографијата...

Во рамките на истрагата за наводните криминални активности наЗлатна зора, синоќа се објавени повеќе фотографии кои се очекува да го зајакнат случајотпротив неофашистичката партија во Грција.На фотографиите, кои ги објави „Весникот на уредниците“, се гледа како лидерот на партијата Никос Михалолиакос и други високи партиски функционери носат нацистички обележја ипред знаме со свастика упатуваат нацистички поздрав. На една од фотографиите е прикажан Михалолиакос како млад, како поздравува нацистички со крената рака, пред голема свастика. Не е познато кога е направена фотографијата. Лидерот на Златна зора во моментов е во затворот Коридалос.
На друга фотографија, од април 2009 година, е вториот човек на партијата Христос Папас, којисто така во моментов е во затвор, како отпоздравува на гробот на поранешниот фашистичкидиктатор Бенито Мусолини во Предапио, Италија. На една од фотографиите е и кандидатот за градоначалник на Атина Илијас Касидиарис согрупа од шест луѓе со кои упатуваат нацистички поздрав додека држат знаме со свастика.Еден од нив е идентификуван како убиениот член на Златна Зора, Ламброс Фунтулис.Златна зора веднаш се огласи по повод објавените фотографии.
„Соработниците на Четвртиот Рајх кои ја ограбија земјата се нестрпливи да најдат начин дасе справат со националистичкото движење со 30-годишни фотографии“, се наведува восоопштение објавено од страна на партијата.
„Грчкиот народ, кој е тешко погоден од бруталната политика за штедење е рамнодушен консмешната системска пропаганда и признава дека Златна зора само се бори за Грција и за Грците“, подвлекува неофашистичката партија.
