Ирак: Најголемата нафтена рафинерија на мета на бунтовниците

24.06.2014 14:59

Бунтовниците се обидуваат да ја заземат најголемата ирачка нафтена рафинерија која што се наоѓа во близина на Баиџи, но безбедносните сили успеале да ја одбранат во текот на ноќта...

Најмалку 19 лица се убиени, а 17-мина се повредени во воздушен напад во ирачкиот град Баиџи, познат по богатството со нафта. Меѓу жртвите има и цивили, а не е познато дали меѓу загинатите има и бунтовници.

Бунтовниците се обидуваат да ја заземат најголемата ирачка нафтена рафинерија која што се наоѓа во близина на Баиџи, но безбедносните сили успеале да ја одбранат во текот на ноќта.

Џихадистите на од Исламската држава на Ирак и Левант зазедоа поголем дел од територијата во пет ирачки провинции и стигнаа на помалку од 100 километри од главниот град Багдад.

Ирачките шиитски милитанти регрутираат илјадници млади луѓе да се борат за Исламската држава, што пак го загрижува сунитстското малцинство во Багдад кое стравува од крвава цивилна војна која што ќе ги сврти соседите едни против други. Локалното население ги напушта своите домови.

„Го убија нашиот сосед и уште 11 други луѓе од нашето соседство. Земавме само алишта и го  напуштивме домот. Оставивме се“, вели Зена Ал-беирути, вработена во министерство за финансии.

Во меѓувреме, американскиот државен секретар, Џон Кери денеска е во Ирбил, главниот град на автономниот курдски регион на разговори со претседателот Барзани, чијашто поддршка е од големо значење бидејќи Курдите претставуваат 20 проценти од ирачката популација.

 

Марина Автовска