Влошена бизнис климата во Германија
24.06.2014 15:19
Германското стопанство стравува од можните последици од украинската и од ирачката криза...

Во јуни годинава се влошила бизнис климата во германското стопанство повеќе од очекуваното, покажал најновиот извештај на угледниот институт Ифо.
Ифо индексот на бизнис климата паднал од110,4 (во мај) на 109,7 во јуни, објави угледниот геремански Институт за економски истражувања. Економистите очекувале помал пад-на 110,3 бода.
Оценката на актуелните околности на најголемото европско стопанство останала непромената од јуни-на ниво од 114,8 бодови. Челниците на компаниите покажале скепса за очекувањата во иднина.
Германското стопанство стравува од можните последици од украинската и од ирачката криза, заклучува во соопшетието челникот на Институтот Ханс-Вернер Син.
Соња Стојановска
