Австрија одлучи: Јужен тек ќе се гради
Гасоводот ќе ја заобиколи Украина и ќе го донесе синиот енергенс директно до Европа. Потпишувањето се случува во пресрет на денешната, попладневна посета на рускиот претседател Владимир Путин на Австрија...

Австриската нафтена компанија ОМВ и рускиот Газпром денеска, и покрај критиките од ЕУ потпишаа договор за изградба на гасоводот „Јужен тек“ до Австрија. Гасоводот ќе ја заобиколи Украина и ќе го донесе синиот енергенс директно до Европа. Потпишувањето се случува во пресрет на денешната, попладневна посета на рускиот претседател Владимир Путин на Австрија.
„Ќе почнеме со испораката на гас во 2017-та, а максималната подготвеност и капацитет на испорака ќе ја постигнеме при крајот на годинава“ изјави Извршниот Директор на Газпром, Алексеј Милер.
Според Герхард Ројс, Извршниот Директор на ОМВ, центарот на Газпром за снабдување ќе биде во Австрија.
„Во ова мало место Баумгартен во Австрија, е изграден најголемото депо за гас во Европа и овие денови една третина од гасот за Европа минува низ него“ рече Ројс, дополнувајќи дека „одлуката за оваа инвестиција претставува енергетска сигурност за Европа“.
Потпишувањето на договорот во хотелот Бристол во Баумгартен, некои од европските членки го оквалификуваа како обид за „расцеп на Европската Унија“.
Зоран Богатинов
