Документарна серија

ДИВА ГОДИНА НА ЗЕМЈАТА

Додека Земјата патува околу Сонцето, дивите животни се движат согласно менувањето на годишните времиња. Како што луѓето го следат сопствениот календар на ритуали и случувања, биолошкиот час на животните се усогласува со физиологијата и ги предвидува ритмичките промени во опкружувањето. Во текот на годината многу големи природни настани се случуваат со прецизност на часовник. Документарната серија „Дива година на Земјата“ ги прикажува најспектакуларните настани поврзани со миграцијата, повторното раѓање и трансформацијата. Драматичните 4К снимки, направени во Азија, Австралија, Европа, Африка, Северна и Јужна Америка ни нудат спектакли од кои запира здивот.