Документарна серија

ВО ДИВИНАТА НА КОЛУМБИЈА

Колумбија, една од биолошки најразновидните земји на Земјата. Комбинацијата од постојано високи тропски температури и обилни врнежи создава совршени услови за експлозија на живот. Во шареноликиот мозаик од живеалишта, Колумбија е дом е на многу повеќе ʾрбетници одошто некој друг дел од светот. Но колку и да е живеалиштето богато, животот на неговите жители никогаш не е лесен. Серијата „Во дивината на Колумбија“ ни раскажува пет приказни за сосема различни групи на животни кои се обидуваат да ги надминат предизвиците поврзани со нивните живеалишта, соседи, а понекогаш дури и со нивниот вид...