Пјонгјанг тестираше нова ракета
27.06.2014 13:47
Севернна Кореа објавила дека успешно е тестирана тактички наведуваната ракета со нова висока прецизност.
На лансирањето на новата ракета присуствувал и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, којшто тестирањето го нарекол ,,пробив “ во националната одбрамбена способност, пренесува агенцијата АПФ.
Војската на Северна Кореја се заканила со страшна одмазда против Јужна Кореја поради изведување воени вежби со боева муниција недалеку од нивната поморска граница во Жолто Море.

Не е познато дали Пјонгјанг навистина има таква ракета, но според анализата на пропагандниот филм се заклучува дека можно е да употребиле варијанта на руската крстаречка ракета КХ-35.
Севернокорејската државна агенција не го прецизирала времето на лансирањето, но се претпоставува дека тоа било во четвртокот кога Јужна Кореја соопштила дека три проектили со краток дострел се испалени во Источно(Јапонско) Море.