Инфраструктура

Приштина гради нов модерен автопат до македонската граница

02.07.2014 15:48

Вредноста на проектот, во должина од 60 километри, што ќе го реализира американско- турски конзорциум е 820 милиони долари...

Приштина ќе гради нов модерен автопат до македонската граница. Вредноста на проектот, во должина од 60 километри, што ќе го реализира американско- турски конзорциум е 820 милиони долари.

Договорот е потпишан вчера во Приштина, а косовскиот министер за инфрастуктура, Фехми Мујота, изјави дека ова е втора магистрална сообраќајница, што според плановите на Приштина, Косово ќе го направи крстопат меѓу грчките и албанските пристаништа.

Изградбата на автопатот почнува денеска.