Во Србија нивото на афлатоксин вратен на стандардот од ЕУ

02.07.2014 17:00

Нивото афлатоксин во млекото Србија го врати на нивото на европскиот стандард од 0,05 микрограмови по литар...

Од 1 јули Србија го врати нивото афлатоксин во млекото на нивото на европскиот стандард од 0,05 микрограмови по литар, објавија медиумите во Србија повикувајќи се на извештај во Министерството за земјоделство и заштита на животната средина.

Со Правилникот со кој е утврдено нивото на афлатоксин во млекото, потврдено е дека се намалува за десетпати – од 0,5 на 0,05 микрограмови по литар.

Враќањето на нивото на афлатоксин на ЕУ стандарди, беше највено на почетокот на оваа година од страна на поранешниот министер за земјоделство Драган Гламочиќ, кој притоа потпиша и правилник со кој се регулира таа област.

Дозволената количина на афлатоксин во млекото во Србија беше згоелмена на почетокот од 2013 година, и тоа за десетпати откако во есента 2012 година беше утврдено зголемено ниво на тој отров во пченката со која се хранат крави.