Ураганот Артур ја погоди Северна Каролина
Ураган беснееше на брегот на Северна Каролина. Силните ветришта и дождови присилија илјадници Американци да го променат планот за денот на независноста затоа што за некои подрачја се издадени наредби за евакуација.

Ураганот Артур со брзина од стотина километри на час достигна категорија 2 на скалата од 5 степени, објави американскиот Центар за урагани. Артур сепак остана ураган со средна силина. На рабовите дуваше со брзина од 65 километри на час, а во средиштето со 240 км. Продолжи со 30 км на час кон североисток, со намалена сила и не претставува голема закана за тој дел на САД.
Ураганот ги поремети плановите на Американците за денот на независноста. Туристите и дел од локалното население го блокираа единствениот автопат.
Соња Стојановска