Кошмарот на Бразил собори светски рекорд на Твитер
Дури и бразилската легенда Пеле во шегобијните пораки на твитер се откажа од Бразил, велејќи наводно: „Бразил, не, брате, јас сум од Гана“...

Бразилскиот синоќешен кошмар ги претовари социјалните мрежи. На Твитер е постигнат светски рекорд, испратени се дури 36 милиони твитови. За време на мечот пак биле твитнувани околу 6 милиони пораки.
Секако една од најинтересните се статуата на Исус со покриено лице од срам, потоа германската канцеларка Меркел на неговото место како доминира над Рио. Дури и бразилската легенда Пеле во шегобијните пораки на твитер се откажа од Бразил, велејќи наводно: „Бразил, не, брате, јас сум од Гана“.
И божицата на победата на Жил Риме, неколку килограми тешката статуета- трофеј најде место на Твитер. Покриеното лице го симболизира срамот од седум спрема еден, најтешкиот пораз воопшто доживеан на повеќратниот светски шампион на сите мундијали.
Зоран Богатинов
