Штрајк на јавните службеници во Грција

09.07.2014 12:15

Службениците протестираат против острите мерки на штедење, меѓу кои и за намалување на платите и на пензиите за 40 насто...

Јавните службеници во Грција почнаа 24-часовен штрајк во знак на протест поради продолжување на владиното кастрење на трошоците, јавува Би-Би-Си. Се очекува дека поради штрајкот ќе се наруши работата на болниците, даночните институции, затворите и археолошките локации.
 
Службениците протестираат против острите мерки на штедење, меѓу кои и за намалување на платите и на пензиите за 40 насто. 
 
Штрајкот се одржува за време на посетата на меѓународните заемодавци на Грција кои се дојдени да го проверат напредокот на спроведувањето на наложените мерки кои се услов за помошта од 240 милијарди евра. 
 
По шест години рецесија се очекува грчкото стопанство да забележи раст.
 
Соња Стојановска