Нереди по бразилскиот кошмар
Неколку бразилски навивачи во Бело Хоризонте завршија во полициска станица по поразот од Германија со 7 спрема 1. Наместо долгоочекуваната победа на домашен терен, бразилците со солзи и гнев се збогуваа со шансата за шампионска титула на Мундијалот. Вечерашниот натпревар ќе го одреди противниокот на Германија за мечот на 13-ти јули на Маракана. Ден претходно, Бразил ќе игра за третото место. Аргентина и Холандија ќе ги одмерат силите вечер во 22 часот по македонско време...

Бразилската полиција интервенираше во фан зоната на Бело Хоризонте по натпреварот меѓу Бразил и Германија. Уапсени се неколку лица кои не можеа да се соочат со поразот на бразилската репрезентација од 7 спрема 1.
„Мислам дека бразилскиот тим ја загуби мотивацијата без Нејмар. Неговата позиција е од суштинско значење за Бразил. Без него нашата земја е ништо“, вели еден навивач.
„Ова е најсрамниот момент за Бразил во историјата“, додава друг.
„Бразил ова го чекасе усте од 50-тите години на минатиот век. Сакавме да победиме и да славиме по победата. Се случи токму спротивното“.
На Копакабана, толпа навивачи со солзи во очите уште во првото полувреме.
„Многу е тешко да се изгуби дома. Пред 4 години плачев, плачам и сега“, вели една навивачка.
„За среќа, не купив дрес на Бразил зошто сега ќе ми беше многу срам. Се случи невиден срам, таков пораз на домасен терен!“
Дијаметрално спротивна атмосфера меѓу германските навивачи по полуфиналниот мец.
„Би сакал Германија да игра со Холандија во финалето. Дојдов овде за да бидам во центарот на случувањата зошто сум голем фан на Германија“.
Наредниот натпревар на Бразил е закажан на 12-ти јули на Маракана каде што ќе се бори за третото место на Мундијалот.
