Швајцарија забрани увоз на свињи и свинско месо од неколку европски земји

09.07.2014 14:29

Швајцарија од денеска, среда, забранува увоз на свинско месо и живи свињи од повеќе европски земји, каде што неодамна се забележани неколку случаи на африканска свинска чума.

Швајцарските санитарни власти вчера изјавија дека одлуката важи за увоз од Бугарија, Романија, од некои подрачја на Хрватска и на Латвија. Забраната се однесува на домашни и на диви свињи, како и на месо, сперма и јајцеклетки од нив. Оваа свинска болест која е ендемска во некои делови на Африка, јужно од Сахара, се појави на Балканот во 2007 и се прошири се до Русија.

По откривањето на пцовисани диви свињи заболени од свински грип минатиот месец, Латвија решила да ги истреби дивите свињи. Од февруари  на подрачјето на Европа кај белоруската граница се забележани повеќе случаи на заболени диви свињи од африканска свинска чума.

Соња Стојанвоска