По синоќешното невреме во Софија од град како јајце повредени 40 лица

09.07.2014 14:36

Најмалку 40 лица биле повредени во синоќешното невреме во Софија. Биле мобилизирани над 20 екипи и 80 пожарникари. Направени се и значителни материјални штети, искршени стакла, возила и кровови и фасади.

Градот речиси со големина на јајце кој непрекинато врнел, повредил 40 лица  и тоа во пределот на главата, лицето и меките ткива, јавува Бугарските медиуми. Најголем број од од нив по санирањето на повредите биле испратени дома, а дел се задржани на лекување. Со најголема повреда се здобило едно 28-годишно момче, кое било задржано на операција поради повреди на раката и тетивата, добиени од скршено стакло.

Освен повредите на луѓе и животни, синоќешниот десетминутен налет на град со големина на јајце, предизвикал и значајна материјална штета во главниот град на Бугарија. Една од најоштетините е Александровска болница , која изгледала речиси како по бомбардирање, јавува Бугарската национална телевизија. Стотици сопственици на автомобили од рано изутрината нагрнале пред канцелариите на осигурителните компании. За да се избегне хаосот осигурителните друштва го промениле начинот на пријавување на штетите, ги скратиле процедурите и го продолжиле работното  време. Големи редици и пред стакларските работилници. Стотици граѓани носат рамки со искршени прозорци , а стакларите не можат да постигнат со нарачките.

Соња Стојановска