Обидите за забрана на штрајкот во Грција предизвикаа демонстрации во Атина
Ниту 40 степени на термометарот не ги спречија неколкуте стотици демонстранти да дојдат на атинскиот плоштад Синагма на протест кој го свика Синдикатот на вработените во државниот сектор. Попладне ќе се соберат пред судот во кој е поднесено барањето на Владата штрајкот да се прогласи за незаконски.

Поради штрајкот не работат државните болници и други медицински установи, социјалните и државните служби. Причината се намалување на бројот на вработените, на платите и на пензиите. Штрајкот е во време кога се таму меѓународните кредитори за да проверат дали се реализираат кастерењето на трошоците во државниот сектор, како услов за финансиска помош.
Соња Стојановска