Србија потпиша договор за „Јужен тек“
Србија и руски „Центр гас“ потпишаа договор за изградба на гасоводот низ српска територија вреден над 2 милијарди евра. Се очекува првата испорака на гас да протече низ цевките кон крајот на 2016 година.
При посетата на Москва, српскиот премиер Вучиќ рече дека целта на Белград е Европската унија, но без да ги расипе односите со Русија.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров вчера во Марибор изјави дека треба да се отстранат сите пречки кои вештачки се поставуваат за гасоводот кој треба да ги поврзе наоѓалиштата на енергенсот во Русија со потрошувачите во централна и јужна Европа.