Израел продолжува со бомбардирање на Појасот Газа

10.07.2014 11:12

Бројот на загинати во израелската офанзива се искачи на речиси 60...

Израелски авиони го продолжуваат бомбардирањето на Појасот Газа пред денешната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за ескалацијата на судирите. Во Израел уште од изутрината одекнуваат сирените, а Челичната купола веќе собори најмалку два палестински проектили.
 
„Ја проширивме операцијата против Хамас и другите терористички групи во Газа. Ќе ги штитиме нашите цивили од нападите, за разлика од Хамас, кои намерно ги изложуваат Палестинците сместувајќи терористи во болници, училушта и џамии“, изјави израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.
 
Бројот на загинати во израелската офанзива се искачи на речиси 60. Израелската војска погоди најмалку 560 цели, а екстремистите истрелаа 160 ракети.