Ризиците се присутни

04.09.2024 12:58

На дел од земјите во регионов им се заканува епидемија од детска парализа. Ние не сме стигнати дотаму, но, ризици има сè додека нема доволен број имунизирани дечиња.

Освен морбилите, и детската парализа на голема врата се врати во регионот. Сериозно треба да се сфати состојбата, апелираат лекарите, децата можат да имаат трајни последици.

Баевска – Вучковиќ вели дека лекарите треба да разговараат со родителите за да немаат дилеми и да ги заштитат своите деца.

Лекарите очекуваат опфатот со имунизација да стигне до 90 проценти, мерките на надлежните да дадат резултат. Но и овој процент не е задоволителен, вели докторката Баевска-Вучковиќ.

Оние коишто патуваат со децата во странство, сведоци дека во високо развиените земји бара вакцинален картон. Тоа се прави од едноставна причина, да се заштитат од заразни болести.

 

Наташа Јанчиќ - Менковски