Споени постапки
Првото рочиште за убиството на на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски денеска беше одложено, за да се спојат обвиненијата...
На 20-ти месецов, сите петмина обвинети за убиството на Вања и Панче ќе седнат во судница. Судечкиот совет, на барање на обвинителството одлучи да ги спои постапките со образложение дека станува збор за исто дело и има заеднички докази. Четворица од нив, за кои имаше закажано рочиштето, со лисици на рацете беа донесени во Кривичен. Палевски не дојде. За него немаше наредба за спроведување од затворот во Шутка.
До наредното судење, обвинетите и нивните бранители ќе можат се запознаат со доказите и да конципираат одбрана. Штом почне процесот, по запознавање со обвинението треба да се произнесат за вината.
Четворица, со Палевски на чело, се товарат за соизвршителство, двојно грабнување и двојно убиство. Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски е обвинет дека им дал на останатите обвините информации за движењето на неговата ќерка.
Анита Димитријевска – Велковска