Документарна серија

ГОЛЕМО АМЕРИКАНСКО ЖЕЛЕЗНИЧКО ПАТУВАЊЕ

Во серијата „Големо Американско железничко патување“ Мајкл Портиљо ги истражува Соединетите Американски Држави тргнувајќи од водичот на Аплтон од 1879 издаден во клучен момент за американската историја –преминот на Америка од „Нов свет“ во најпросперитетна држава благодарение на индустриската револуција и брзиот развој и ширење на железницата. Во првата сезона Портиљо патува низ две клучни железнички линии: од Њујорк до Големите езера и од Филаделфија до Џејмстаун, а во втората од Сент Луис, Мисури до Големиот кањон во Аризона, и од Минеаполис до Мемфис притоа запознавајќи нè со природните убавини,како и со културата на различните народите што ги среќава патувајќи со воз.