Играна серија

ПАТ ОКОЛУ СВЕТОТ ЗА 80 ДЕНА

Недела, 15:25

Околу светот за 80 дена е историска драмска авантуристичка телевизиска серија заснована на истоимениот роман на Жил Верн од 1872 година, во кој, за облог, Филеас Фог патува низ светот за 80 дена   со различни средства: и традиционални и нови.

Серијата била реализирана со копродукциска алијанса на France Télévisions, ZDF од Германија и RAI од Италија, со дополнителни копродукциски партнери на Masterpiece (САД) и Be-Films/RTBF (Белгија). Продуциран е во В. Британија, Франција и Јужна Африка, а снимањето се одвивало и во Романија.