Денеска малку почист воздух

10.01.2025 13:40

Во повеќе градови вредностите на ПМ-честички се во дозволените граници, во Струмица е прекинат прагот на алармирање, но на неколку места сè уште има аерозагадување...

Добро организирање на јавниот превоз и гасификација на градот се излезно решение, според граѓаните, за решавање на проблемот со аерозагадувањето. Скопјани изутрината дишеа релативно почист воздух, но вакви денови се реткост во зимските месеци кога концентрациите на ПМ10 честички се најголеми.

Во акцискиот план што го стокми Владата стои дека во услови на зголемена загаденост инспекциите вонредно ќе ги контролираат индустриските капацитети и градежните локации, ќе има посебен режим за тешки товарни возила, а ќе се редуцира и употребата на службените автомобили.

Екологисти сметаат дека е потребна координирана акција за подобри резултати.

Ресорното министерство соопшти дека е прекинат алармот за загаденост во Струмица.

 

Анита Димитријевска – Велковска