Три жртви во поплави во Бугарија и Рoманија

30.07.2014 12:05

Поројните дождови предизвикаа поплави во реонот на градот Габрово во централниот дел Бугарија, каде животот го загуби 61-годишна жена, а едно лице се води како исчезнато...

Три лица загинаа, а повеќе од стотина беа принудени да ги напуштат своите домови, поради поплавите што зафатија повеќе села во Бугарија и Романија.
 
Поројните дождови предизвикаа поплави во реонот на градот Габрово во централниот дел Бугарија, каде животот го загуби 61-годишна жена, а едно лице се води како исчезнато.
 
Без струја се 17 села и делови на градот Габрово, а има проблеми и во снабдувањето со вода. Регистрирани се појави на лизгање на земјиштето, а уништени или ошттени се и неколку мостови и патишта.
 
Во поплавите на повеќе локации во Романија загинаа две лица, меѓу кои  и еден 72-годишен маж, соопшти романскиот министер за внатрешни работи Габриел Опреа.
 
„Романските железници“ соопштија дека поради поплавите еден воз излетал од шините, но нема податоци за евентуални жртви или повредени при несреќа.