Безбедност во сообраќајот

09.02.2025 17:58

19.000 возачи лани биле фатени без дозвола – министерот Tошковски откри алармантни податоци. Aктивисти бараат стеснување на лентите, квалитетен јавен превоз, законски измени…

Системот за безбедност во сообраќајот е нефункционален со години. Само лани биле затекнати 19.000 граѓани коишто управувале возила без дозвола низ цела Македонија, а се зголемуваат црните точки каде што има несреќи со смртни последици. Казните за сообраќајните прекршоци се селективни и не важат исто за сите.

„Јас лично, а и врз основа на сите анализи, гледам огромен проблем во судската пракса во квалификацијата на одредени дејствија од страна на обвинителите и изрекувањето на санкциите од страна на судовите. Како министер за внатрешни работи не би требало да навлегувам во конкретни судски пресуди, но факт е дека имаме пресуди каде што дошло до загуба на човечки живот, а некои луѓе, додека биле во затвор, сториле таков тип прекршок и за тој прекршок добиле казна од 6 месеци затвор“, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Поголема безбедност во сообраќајот и построги казни побараа граѓаните и експертите на првиот уличен форум во Скопје. Несреќи има оти сите возат, зошто нема пристоен градски превоз. Се гради на места каде има лош пристап и нема места за паркирање.

Од МВР најавуваат дека на сите црни точки ќе се постават камери, ќе проработи системот Безбеден град, а за прекршоците граѓаните ќе бидат известени преку СМС-пораки.

Ирина Гелевска