Кривични против 34 лица
21.03.2025 15:13
Две кривични пријави против 34 физички и три правни лица поднесе МВР за пожарот во кочанската дискотека кој однесе 59 млади животи и околу 200 повредени...

Две кривични пријави против 34 физички и три правни лица поднесе МВР за пожарот во кочанската дискотека кој однесе 59 млади животи и околу 200 повредени. Кривичните се за тешки дела против општата сигурност, предизвикувајќи општа опасност, а кај едно лице и за примање поткуп.
МВР и Обвинителството ја завршија првата фаза од постапувањето по овој кривично-правен настан. Прес- конференцијата ја следеше Миле Ристески.