ЛЕГЕНДАТА ЗА БАГЕР ВЕНС

Раналф Џуна (Мет Дејмон) е играч на голф и херој на цела Америка, човек кој навистина го сакал животот, додека не станал жртва и дел од ужасите на Првата светска војна. Тој го започнува своето духовно патување за да најде смисла во ова бесмислено губење на скапоценото животно време.
Тој талкаше десет долги години, пред да се врати во својот роден град Савана, за време на Големата депресија. Тој повторно се среќава со огнената Адел, љубовта на неговиот живот, жена чие срце е скршено од неговото долго отсуство.
Лута на неговото однесување, но потајно подготвена да направи се за да го натера повторно да ја сака, Адел смислува начин да го врати назад. Таа е упорна во идејата Раналф да го претставува неговиот град на спектакуларен голф турнир, турнир кој треба да го спаси хотелскиот комплекс на Адел кој се распаѓа, но и да ја врати вербата во животот на Раналф. Нему му помага Багер Ванс (Вил Смит), мистериозен странец, кој станува негов водич на патот кон повторно откривање себеси, во обид да го најде „совршениот удар“ и во животот и во спортот.
Улоги: Вил Смит, Мет Дејмон, Шарлиз Терон
Режија: Роберт Редфорд